Младите сили на Вардар поразени од Борац Бања Лука

Вардар загуби од Борац Бања Лука со 2-0 на пријателскиот натпревар во Анталија. „Црвено-црните“ на овој меч настапија со младите сили, а првиот состав утре ќе тестира против Мура, пред враќањето за Скопје.

Борац Бања Лука на полувреме имаше предност од 1-0 со голот на Арсиќ. Во вториот дел уште еднаш ја затресе мрежата на Вардар преку Радуловиќ од пенал.
Тренерот Александар Васоски на овој меч го изведе следниот состав: Илиќ, Наумчевски, Ѓурковски, Манасиевски, Петејчук, Велковски, Трајановски, Реџепи, Игњатов, Омерагиќ, Колевски.

Се вчитува...