Младите триумфално во Гибралтар: Крстевски и Адеми за лесна победа (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ја запиша и третата победа во Групата Ц од квалификациите за ЕП 2025, триумфирајќи на гостувањето против аутсајдерот Гибралтар со 0-2.

Целокупната своја задача на денешниот меч избраниците на Драган Канатларовски си ја завршија уште во првото полувреме кога беа постигнати двата погодоци.

Најпрво, во 24. минута, Ване Крстевски ја искористи грешката на домашниот голман, и постигна убав погодок со шут од 18 метри за водство од 1-0.

Во 42. минута брз напад на македонските фудбалери кој умешно го круниса со гол Фитон Адеми.

Македонија на две кола до крајот на квалификациите има 9 бода во групата.

Се вчитува...