Младата репрезентација на Македонија, и покрај тоа што играше со комбиниран состав без поголемиот дел од првотимците, триумфираше со 2-0 против Црна Гора во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020, на тој начин завршувајќи
Повеќе од успешен циклус за Благоја Милевски и неговите избраници и покрај тоа што, само поради промената во текот на квалификациите на начинот на пласман на ЕП од страна на УЕФА, Македонија нема да игра бараж за второ учество на европскиот шампионат. И покрај тоа што првично второпласираните селекции од секоја група требаше да играат бараж за пласман на ЕП, УЕФА одлучи сепак најдобрите пет второпласирани селекции од деветте групи директно да одат на Европското првенство следната година. А, Македонија не е меѓу тие пет репрезентации, па на крајот ќе жали за пропуштените два бода со Казахстан на домашен терен и промашениот пенал против Шпанија во Скопје во последните секунди во поразот од 0-1.
На денешниот натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија беше далеку подобра од Црна Гора, и покрај тоа што беше без Чурлинов, Митровски, Тошевски, Даци, Илиевски, Фазлиу…
До водство избраниците на Милевски дојдоа рано со голот на офанзивецот на Раднички Пирот, Марко Ѓорѓиевски уште во 13. минута од средбата.
Низ првите 45 минути македонската селекција имаше одлични можности и преку Миовски и повторно Ѓорѓиевски во 41. минута, но гостинскиот голман успеа да спречи повисока предност за Македонија.
Во второто полувреме, македонските надежи рутински ја одржуваа предноста за да во 78. минута Бојан Миовски погоди од пенал за 2-0.
Гостите преку Крстовиќ во 86. минута единствено успеаја да го ублажат поразот за конечни 2-1.
Македонија квалификациите ги заврши со 18 бода, пет победи, три ремија и само два порази од Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА