Младата репрезентација на Македонија има негатива од 1-2 по првите 45 минути на дуелот против Шведска во 5. коло од Групата Е во квалификациите за ЕП, кој се игра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
И покрај тоа што избраниците на Горан Станиќ први поведоа на дуелот со голот на Елези во 12. минута, сепак Швеѓаните со два гола за само една минути, и тоа два наши пропусти во одбраната, дојдоа до целосен пресврт.
Македонија поведе по извонредна акција почната од Данев, преку Трајков, а со нафрлање на Хамза од левата страна и која на феноменален начин ја заокружи Елези со првиот свој гол во седмиот настап за националниот тим.
Феноменален гол на Елези кој од прва со волеј удар ја зафати топката по центаршутот на Хамза и ја смести во мрежата од голот на Швеѓаните…
Но, во 32. минута грешка во нашата одбрана и Оморова реализираше за израмнување, а веќе во следната минута истиот играч повторно стрелаше и за водство на Шведска од 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

