Вардар ремизираше 2-2 на пријателскиот натпревар против Словачко што денеска го одигра во Анталија. Тоа е претпоследен тест за „црвено-црните“ во турскиот туристички центар, а тренерот Чедомир Јаневски им даде шанса на најголем дел од „резервистите“. Во вториот дел во игра влезе и нигерискиот интернационалец Лукман Харуна, кој се наоѓа на проба во редовите на „црвено-црните“.
Младиот Стојчевски во седмата минута постигна фантастичен гол за македонскиот првак, откако од 16 метри шутираше прецизно во спротивниот долен агол. Но, Словачко успеа да израмни пред крајот на првиот дел.
Во второто полувреме, Вардар повторно стигна до предност со голот на Максим Максимов во 71.минута кој успеа да ја искористи грешката на чешкиот тим и рутински ја затресе противничката мрежа. Сепак, во завршницата Словачко повторно дојде до ново израмнување.
Тренерот Чедомир Јаневски овој меч го стартуваше со следниот состав: Алексовски, Антовски, Попов, Тошевски, Тодороски, Серафимов, Стојчевски, Цветаноски, Бериша, Стојков, Максимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА