Младите во финалната фаза од битката за ЕП: Неопходни бодови од Казахстан

Младата репрезентација на Македонија денеска од 13 часот против Казахстан на гостински терен ја очекува еден од клучните натпревари во квалфикацискиот циклус за пласман на Европското првенство.

Сосема е јасно дека до крајот на квалификациите секој натпревар е значаен, но единствено позитивен резултат од Казахстан избраниците на Благоја Милевски ги остава сериозна во трка за втората позиција на табелата која може да значи пласман на ЕП.

„Секој следен натпревар е најважен. Така и овој со Казахстан. Секој натпревар има важност. Најважно е да бидат сите подготвени. Имаме одредени проблеми во составот. Откако конечно се собравме, одржавме единствен тренинг во полн состав пред патувањето. По промените кои ги направи УЕФА околу тоа кои селекции би се пласирале на Европското првенство, не ни останува ништо друго освен да се трудиме на секој натпревар да освоиме што е можно повеќе бодови и од тој аспект ниту сега, а и ниту никогаш не сме калкулирале со резултатот. Немаме простор за тоа. И на овој натпревар нема да биде ништо поразлично. На првиот дуел бевме доминатни, не ги искористивме шансите. Поуката е извлечена. Очекувам натпреварот да не биде многу поинаков во однос на таа средба. Сета она што ќе се случува на теренот ќе зависи од нашето издание и од тоа како ќе изгледаме ние на натпреварот“ – порачува селекторот Благоја Милевски пред средбата со Казахстан.

Стручниот штаб за мечот со Казахстанците нема да може да смета на Ристовски и Фазлагиќ кој досега беа незаменливи во стартните состави…

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП (ГРУПА 6)

Казахстан – МАКЕДОНИЈА (13 ч.)

Црна Гора – Израел (18 ч.)

Фарски острови – Шпанија (18:45 ч.)

Се вчитува...