Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска од 18 часот во Грузија го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2025.
Македонија, како што е познато, ги загуби сите шанси за место на завршницата на најдобрите на Стариот континент, но по триумфот над Молдавија во Скопје, желбите се квалификациите да се заокружат со позитивен резултат.
Домашните, пак, атакуваат на неопходна победа со која ќе го освојат второто место во групата како шанса за пласман на ЕП, но избраниците на Драган Канатларовски веруваат дека може да им ги „замрсат сметките“ на Грузијците. Игра, пред се за престиж, за себе и за македонскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА