Младите македонски репрезентативци во одличен ритам го играат првото полувреме од квалификацискиот натпревар во Групата 6 за пласман на ЕП 2020 против една од најдобрите европски селекции, Шпанија.
На националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, избраниците на Благоја Милевски се максимално рамноправни со фаворизираниот противник играјќи без голови по првите 45 минути. Во неколку наврати македонските надежи и се заканија по противничкиот гол, но без посериозна шанса за погодок.
Единствената мини-шанса Шпанците, кои се тотално неутрализирани, ја имаа во 36. минута кога Миранда во одлична позиција на десеттина метри пред голот на Јанков несигурно реагираше шутирајќи само покрај левиот дирек.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020 – ГРУПА 6
МАКЕДОНИЈА – Шпанија (0-0)
Национална арена „Тодор Проевски“. Главен судија: Феснич Хоратиу (Романија)
МАКЕДОНИЈА: Јанков, Антовски, Тодороски, Серафимов, Гроздановски, Руфати, Ристовски, Здравковски, Фазлагиќ, Чурлинов, Митровски
Селектор: Благоја Милевски
ШПАНИЈА: Мартинез, Пипа, Хуго, Миранда, Клементе, Алења, Поцо, Дани Гомез, Мартин, Рикард Пуиг, Ибањез
Селектор: Луис Де Ла Фуенте
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА