Младата репрезентација на Македонија го запишаа и третиот пораз во четвртиот свој натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2025. Избраниците на Драган Канатларовски денеска на стадионот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје загубија во разочарувачки натпревар од селекцијата на Грузија со 0-1.
По овој пораз веќе е јасно дека шансите на Македонија за пласман на ЕП 2025 во Словачка се сведени само на теорија.
Во првото полувреме, и двете селекции одиграа апсолутно безидеен натпревар. И Македонија и Грузија за 45 минути имаа само по еден безопасен шут од далечина.
Во второто полувреме Грузијците беа далеку подобриот состав на теренот. Сето тоа резултираше со голот на Маматсашвили во 54. минута за водство од гостите од 0-1 кое се покажа и доволно за конечна победа.
Грузијците во периодот до 70. минута и уште две одлични шанси преку Квернадзе и за поубедлива победа, но не успеаја да ги реализираат. За разлика од Македонија, која до крајот на мечот имаше само една поизразена шанса за израмнување кога Илиевски, по корнерот од левата страна, шутираше од непосредна близина но Грузијците спасија на самата гол-линија.
На крајот по една сосема непотребна нервозна ситуација црвен картон заработи капитенот Марио Илиевски на кого нема да се може да се смета на следниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА