Младата репрезентација на Македонија денеска со чартер лет од скопскиот аеродром заминува за Полска каде од 17. јуни ја очекува настапот меѓу најдобрите на Стариот континент.
На последната прес-конференција пред заминувањето селекторот Благоја Милевски го потенцираше значењето од настапот на еден ваков настан за македонскиот фудбал…
“Може слободно да кажам дека дури сега го чувствуваме задоволството што ќе бидеме дел од ваков собир. Одиме во Полска да уживаме во фудбалот, да потврдиме дека ништо досега не е случајно. Да покажеме дека македонскиот фудбал има иднина” – рече Милевски.
Еднакво е размислувањето и на Давид Бабунски и Ѓоко Зајков.
“Не одиме во Полска предвреме да се предадеме. Знаеме дека не чекаат моќни противници, но веруваме во нашите сили и подготвеноста да се надигруваме со секого” – истакнаа Бабунски и Зајков.
Младата репрезентација од 14 часот денеска со чартер лет од скопскиот аеродром заминува за Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА