Ракометарите на Металург РА славеа на домашен терен со 30-26 против Младост Богданци во натпревар од Првата лига на Македонија (втора по ранг). По мечот стигна соопштение во кое гостите бараат да се преигра мечот, бидејќи како што велат биле оштетени од судиската двојка.
Претседателката на Металург, Зорица Блажевска на социјалните мрежи им возврати на богданчани за ова соопштение велејќи им дека поразот мора да го прифатат машки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА