Паралелно со подготовките на националниот тим за квалификациските натпревари со Израел и со Албанија, Фудбалската федерација на Македонија ги финишира подготовките околу реконструкцијата на стадионот „Младост“ во Струмица каде на 5. септември ќе се соочиме со селекцијата на Албанија.
Веќе е финиширана изградбата на страничните монтажни трибини, реконструирани се ВИП ложите а дополнета е луксажата на комплетното осветлување на стадионот.
Натпреварот меѓу Македонија и Албанија на 5. септември се игра од 20:45 часот. Македонската репрезентација во Струмица се сели на 3. септември, веднаш по враќањето од Израел, каде ќе бидат одработени последните два подготвителни дена пред средбата со Албанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА