Јапонката Наоми Осака и Русинката Дарија Касаткина ќе играат во финалето на Мастерсот во Индијан Велс откако во полуфиналните дуели славеа против фаворитките Симона Халеп и Венус Вилијамс.
Осака за само 65 минути приреди големо изненадување, на убедлив начин во два сета со 6-3, 6:0 славеше против најдобрата светска тенисерка Симона Халеп од Романија.
Русинката Касаткина, пак, ја совлада домашната тенисерка Венус Вилијамс со 4-6,6-4,7-5.
Осака и Касаткина, двете со 20 години, на тој начин за првпат во своите кариери ќе се борат за трофеј на еден голем ВТА турнир. Финалето се игра утре од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА