МЛС клубот на Бекам се вика Интер Мајами

Фудбалскиот клуб чиј сопственик е Дејвид Бекам, а кој ќе биде дел од МЛС – лигата во САД се вика Интер Мајами. На промоцијата беше објавено и логото кое е во три бои и со седум зраци кои ја симболизираат кариерата на поранешниот капитен на Англија.

Клубот ќе почне да се натпреварува во 2020 година откако ќе добие продолжен договор во јануари.

„Ова е ден за гордост. И за мене и за целиот тим. Направивме големи чекори за да го етаблираме клубот и овој ден ќе бие значаен за неговата историја“ – изјави Бекам на промоцијата.

Новиот клуб на Бекам привлекува големо внимание во Мајами, а логото на клубот се појави на насловната страница на денешното издание на „Мајами Хералд“.

Се вчитува...