ММА борба на годината: Брутална пресметка меѓу Холовеј и Родригез (ВИДЕО)

Спектакуларен меч синоќа меѓу Макс Холовеј и Јеир Родригез во Лас Вегас во која Холовеј по пет извонредни рунди стигна до победата.

Поранешниот шампион во перолесна категорија ја врза, на тој начин, втората едноподруго победа отворајќи си ја вратата за трета борба со Алекс Волкановски. Австралиецот со македонско потекло претходно двапати го победи Холовеј.

„Неверојатна борба. Веројатно една од најдобрите кои сум ги гледал. Мислам дека трета пресметка против Волкановски има смисла“ – изјави по мечот Дона Вајт.

Холовеј, од друга страна, посакува борба со Конор МекГрегор, но очигледно само Вајт се прашува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC Europe (@ufceurope)

По синоќешниот дуел и двајцата заедно завршија во амбулатното возило на пат кон болницата на санирање на повредите од жестоката борба.

Се вчитува...