ММА-борец доби забрана за борба поради тетоважа на Хитлер (ФОТО)

Чешкиот борец Радек Рушал си направи неочекувани проблеми пред првите професионални борби во неговата кариера. Локалната организација Октагон му ја откажа договорената борба затоа што чешкиот борец има истетовиран лик од Адолф Хитлер.

Освен тоа, на телото има и војник кој носи насистичка опрема и поради тоа нема да може да се бори.

„Ова кај нас не може да помине, па не може да дојдете кај нас и да изгледате вака. Го имаме тоа во договорот, може да го казниме. Дури и на прстите има срамни тетоважи“, кажа претседателот на организацијата Андреј Новотњи.

Рушал кажа дека тетоважите ги направил во тежок период од животот и има намера во следниот период да ги отстрани.

Се вчитува...