ММА борец направи хаос на свадба – Еден човек заврши во болница (ВИДЕО)

Дагестанецот Гаџимурад Антигулов кој е професионален ММА борец, направи хаос на една свадба на која „мртов пијан“ ги малтретираше гостите и предизвика тепачка. На видеото кое се појави Антигулов седи на маса и во пијана состојба со храна мава една жена кој седи на соседната маса.

Поради овој чин тој предизвика гнев кај гостите, а најинтересно од се е што на свадбата беше забранет алкохол. Во еден момент му приоѓаат луѓе да го смират, но тогаш почнува хаосот. Руските медиуми пренесуваат дека дечкото кој го удира Антигулов бил претепан пред салата, од неколку луѓе и со повреди на лицето и главата завршил во болница.

 

Се вчитува...