ММА борец почина два дена по неговата прва борба во рингот (ВИДЕО)

ММА борец по име Кристијан Лубенга почина два дена по неговата деби борба. Лубенга учествуваше во борбата во AMMO лигата организирана по повод одбележувањето на Денот на Свети Патрик, каде се бореше исто така со дебитант, Коди Мекрекен.

По борбата што ја загуби во третата рунда, Лубенга со технички нокаут беше префрлен во болница, каде што почина.

„Вака изгледа кошмар… Кристијан не беше само еден од студентите. Тој беше тип на човек кој внесуваше светлина и живот во секоја соба во која влегуваше. Тој беше наше семејство. Споделивме смеа, приказни, крв, пот. Поминавме илјадници часови заедно правејќи ги работите што ги сакаме. Кристијан беше вистински воин. Те сакаме“, се вели во соопштението на клубот „Црни волци“.

 

Се вчитува...