„Многу боли, но мора да продолжиме понатаму“

Фудбалерите на Баер Леверкузен го доживеаја првиот пораз на официјални натпревари од 27. мај минатата година. Фармацевтите првпат беа поразени по 51 официјален натпревар, откако во финалето на Лига Европа загубија од Аталанта со 3-0.

Екипата на Леверкузен сосема заслужено беше поразена од Аталанта. Тимот од Бергамо беше подобар ривал од првата минута, признава Тах.

„Ова, се разбира, е големо разочарување. Кога ќе стигнете до тука, сакате поинаков резултат. Така се чувствуваме во моментов. Сепак, мораме да продолжиме понатаму. Не чека уште еден важен натпревар, уште едно големо финале. Поразот многу боли и го чувствуваме вечерва, но од утре продолжуваме понатаму. Тие апсолутно заслужија да победат. Не бевме на ниво нашата игра. Беа поагресивни во дуелите, ни оставија многу малку простор и затоа заслужија да победат вечерва“, изјави Тах.

Избраниците на Чаби Алонсо не успеаја да ја завршат сезоната без пораз, но сепак имаат за што да се борат. Фармацевтите пред неколку дена за првпат во историјата ја прославија титулата германски шампион, а в сабота ќе го играат финалето на германскиот ДФБ куп.

Се вчитува...