Ренова, се чини, беше блиску а далеку од пласманот во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа. Хајдук минимално победи со 0-1 со гол уште во 4. минута, но добро се „испоте“ на скопското сонце.
Одличен на голот на македонскиот состав беше Хадис Велии, „гипсарите“ во финишот од средбата можеа и убаво да ги казнат гостите за промашувањата, заслужија и погодок по шансите на Шефити, Јашароски и Велиу… Но, на крајот остана само да му честитаат, во секој случај, на подобриот противник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА