Екипата на Струга ТЛ е осамен лидер по двете почетни кола во Првата македонска фудбалска лига, откако триумфираше со 0-1 на гостувањето против Брегалница во Штип.
Стружани, главно ориентирани на одбраната пред објективно подобрата Брегалница, низ многу борба, жестина и со спортска среќа дојдоа до трите бода.
Штипјани доминираа во текот на целиот натпревар но промашија серија шанси за триумф, за да на крај добијат казна од избраниците на Срѓан Захариевски кои со голот на засилувањето Хоган во 88. минута дојдоа до триумфот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА