Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми денеска против Ријека во хрватскиот шампионат го игра последниот свој натпревар во дресот на Динамо Загреб. Од утре Адеми се приклучува на македонската селекција во квалификациите за ЕП 2024 а потоа се сели во Пекинг каде ќе ја продолжи својата кариера.
Токму затоа и многу емоции пред дуелот со Ријека денеска на „Максимир“.
Динамо Загреб подготви специјален подарок-признание за Адеми кој доби подарок дрес со бројот 373, кој го означува бројот на негови натпревари за „модрите“. Подарокот му го врачи претседателот на Динамо, Мирко Баришиќ, а подоцна му се заблагодари и претседателката на управата, Влатка Перас.
А од капитенот со специфична кореографија се збогуваа и „Бед-блу-бојс“.
Danas igra #Ademi! Ajmo Kapetane, ajmo dečki! #Dinamo #Zagreb #Maksimir 💙💙💙 pic.twitter.com/uzEw1I2k6f
— Tomislav Stojak (@tomislav_stojak) March 19, 2023
„373 пати срце на терен, капитену ти благодариме за се“ – испратија порака најверните навивачи на Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА