Многу емоции на „Тодор Проески“: Кога Горан и Висар, Енис и Стефан, Дарко, Аријан и Џани делат заедничка радост!

Под специфични околности македонските репрезентативци го очекуваа полуфиналниот натпревар со Косово на патот кон остварувањето на своите соништа за пласман на Европско првенство. Пандемијата на коронавирусот, празниот стадион, пресметката со сосед, неизвесноста и силните очекувања, без сомнение, носеа огромен психолошки товар за добар дел од репрезентативците… Но, на крајот, сето тоа повеќе од успешно надминато!

Многу нескриени емоции на крајот од натпреварот, огромна радост и моменти за паметење, фотографии кои индиректно уште еднаш ја покажуваат силата, покрај неопходниот фудбалски квалитет, на оваа репрезентација – заедништвото! Не може да остане незабележано кај ниту еден жител на Македонија начинот на кој еден Горан и Висар, Енис и Стефан, Аријан, Дарко, Џани и Нестор… делат заедничка радост. Затоа што заеднички живеат еден сон. До конечното остварување!

 

Се вчитува...