Многу eмоции, тага, но и нереди – Марадона погребан на гробиштата во Буенос Аирес (ВИДЕО)

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона беше погребан покрај своите родители на приватна церемонија на гробиштата „Хардин Бела Виста“ во Буенос Аирес на која присуствуваа 200 луѓе.

Организатори ги почитуваа сите мерки во време на пандемијата на коронавирусот. Навивачите беа во тага, имаше и нереди, а улиците на Буенос Аирес беа мали да ги примат сите кои сакаа да ја видат поворката и испраќањето на Марадона.

Поради сево ова беше дозволено само 200 луѓе да присуствуваат на погребот меѓу кои фамилијата и блиските пријатели.

 

 

Се вчитува...