Наполи убедливо славеше против Џенова со 3-0 во претпоследното коло од Серија А.
Во натпревар во кој наполитанците целосно доминираа низ сите 90 минути, до предност дојдоа уште во 32. минута со погодокот на Осимхен.
Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа и Инсиње во 65. минута и Лоботка во 81. минута од средбата.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра на натпреварот влезе во 88. минута на местото на Инсиње, кој по цели 16 години го напушта Наполи каде ја стекна сета своја фудбалска слава. Кариерата ќе ја продолжи во Канада.
La última vez de #Insigne al #Maradona: "Nos hemos querido, hemos luchado, a veces peleamos… Pero siempre juntos" pic.twitter.com/o3aSYgcr1i
— Mirko Calemme (@mirkocalemme) May 15, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА