Многу грубости, тензии и жестоки судири, главно во второто полувреме, на натпреварот од 22. коло во ПМФЛ меѓу Македонија ЃП и Силекс во Ѓорче Петров.
Но, и покрај тоа натпревар со само шест жолти картони, два кај домашните и четири кај гостите. Иако можеше и да има и исклучувања поради бројните неспортски однесувања на актерите на теренот.
Главниот судија Стојанче Трпчевски од Кавадарци, се чини, како да ги заборави црвените картони. Посебно и во 58. минута кога фудбалерот на Силекс, Ненад Нешовски неспортски реагираше со обид за намерен удар на Китановски. Но, делителот на правдата му додели само жолт картон на Нешовски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА