Италијанскиот селектор Лучијано Спалети, на прес-конференцијата во Скопје кажа дека многу пати го гледал натпреварот во Палермо кога Италија загуби од Македонија во баражот за Светското првенство 2022.
Спалети рече дека добро го запаметил тој натпревар до детал и мора да се извлечат заклучоци и поуки, кои може да помогнат за овој дуел со Македонија.
„Го гледав мечот во Палермо многу пати, што дури можам и да ви го раскажам до детал ако сакате. Секако дека од тој натпревар извлековме добри заклучоци кои ќе ни послужат за утрешниот меч“, изјави Спалети пред македонските медиуми на прес-конференцијата во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА