Многу пресврти и по еден бод за Рома и за Интер

Рома и Интер ремизираа 2-2 на „Олимпико“ во меч со многу пресврти во играта. По ова реми, Интер доцни пет бода зад лидерот Јувентус на врвот на табелата во Серија А, а „старата дама“ има и меч помалку, утрешниот против Лацио.

Интер поведе со голот на Стефан Де Фрај во 15.минута. По корнер, тој со удар со глава го совлада Пау Лопез. Рома израмни во последните мигови од првиот дел со голот на Спинацола.

Во 57.минута „волчицата“ направи пресврт со погодокот на Хенрик Мхитарјан, а ново израмнување донесе Ромелу Лукаку од пенал во 88.минута од мечот. Наивен прекршок во шеснаесетникот направи токму Спинацола.

Се вчитува...