Многу секс не е на арно, прашајте го газдата на Стеауа

Првиот човек на ФЦСБ, поранешна Стеауа, Џиџи Бекали повторно се најде на насловните страни на весниците во Романија откако ги обвини фудбалерите дека премногу внимание посветуваат на водење љубов со девојките и сопругите, наместо да се фокусираат на настапите на теренот.

Моите играчи премногу често водат љубов со девојките. Затоа не играат добро, тоа ни е главниот проблем сезонава“, изјави Бекали.

ФЦСБ моментно се наоѓа на четвртото место на табелата, со осум бода заостанување зад водечкиот Клуж. Според Бекали, тренерот на Клуж, Дан Петреску, многу добро знае да ги насочи своите фудбалери кон професионалниот живот.

„Погледнете го Петреску, неговите играчи имаат секс само еднаш неделно. Толку им дозволува да се сретнат со сопругите“, истакна Џиџи Бекали.

Се вчитува...