Очекувано кога се работи за влог – финале во Купот на Македонија, низ многу тензии мина полуфиналниот натпревар меѓу Струга ТЛ и Силекс на охридското крајбрежје, кој заврши со триумф на кратовци од 0-1.
Победоносниот гол за Силекс го донесе Каракамишев во 81. минута…
Претходно, по мирниот почеток на натпреварот, во 26. минута регуларен гол имаше за Силекс кој го постигна Пепи Ѓорѓиев, но судиите го поништија поради наводна офсајд-позиција. Иако сосема е очигледно е дека Ѓоргиев не беше во офсајд-позиција.
Во 84. минута, пак, по удирање на противнички фудбалер втор жолт картон и исклучување доби и домашниот фудбалер Абдулхади Јахја.
На крајот силен притисок на домашните за израмнување, но остана без реализација и триумф на Силекс за финале со Академија Пандев во Купот на Македонија на 19. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА