Лестер славеше против Брајтон со 2-1 во еден од четири вечерашни дуели од 28. коло во Премиер лигата.
Лестер поведе со голот на Греј во 10. минута, а вториот погодок за домашните го постигна Џејми Варди во 63. минута. Варди конечно втор едноподруго натпревар успева да ја затресе противничката мрежа. Можеби сето тоа е навестување за нова негова серија, откако претходно си даде „мала пауза“. Многумина заборавија и дека постои но офанзивецот на Лестер сега повторно носи победи за својот тим…
Vardy with a clinical finish ?? #LCFC #LEIBRI pic.twitter.com/2bl5zuSmIZ
— LCFCFoxes.com (@LCFCFoxes_com) February 26, 2019
Во останатите натпревари Евертон со 0-3 славеше на гостински терен против Кардиф, Хадерсфилд триумфираше минимално со 1-0 против Вулверхемптон а Њукасл во моментов води против Барнли со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА