Мохамед Салах со гол од белата точка донесе победа од 3-2 на Ливерпул на гостувањето во Мадрид против Атлетико, а Египјанецот имаше и дополнителен мотив за славје откако го постигна и деветиот последователен погодок со што се запиша со златни букви во историјата на „црвените“.
Фантастичната голгетерска низа Салах ја започна на натпреварот против Челси, a потоа стрелаше и против Лидс, Милан, Кристал Палас, Брентфорд, Порто, Манчестер Сити и Вотфорд. Со тоа напаѓачот ги надмина Сем Рајболд (1902/03), Џон Олдриџ (1987/88) и Даниел Стариџ (2013/14) чија низа траеше осум последователни натпревари.
9 – Mohamed Salah has become the first player in @LFC history to score in nine consecutive matches for the club. Inevitable. pic.twitter.com/SRNNYCum5Q
— OptaJoe (@OptaJoe) October 19, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

