Поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи на италијанските медиуми им откри интересни информации за фудбалските трансфери во престојниот период. Тој тврди дека од наредното лето нова работа ќе имаат тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри, но и Зинедин Зидан.
Моџи тврди дека Алегри од следното лето ќе го преземе Реал Мадрид, а на клупата на Јувентус ќе го замени легендарниот Зинедин Зидан.
Алегри и претходно беше желба на челниците на Реал Мадрид, но на крај за тренер беше избран Хулен Лопетеги и тоа токму кога Зидан ја напушти клупата. Многумина сега тврдат дека новиот трансфер е веќе готова работа и наскро треба да бидат познати и деталите.
Своевремено додека беше директор на Јувентус, Моџи направи многу трансфери. Еден од најголемите беше продажбата на Зидан во Реал во 2001 година за тогаш рекордни 73,5 милиони евра.
Моџи замина неславно од фудбалот по големиот сландал за наместени натпревари во Италија и сега има доживотна забрана за работа во фудбалот, но тој и понатаму останува интересен соговорник кој секогаш има многу информации „од прва рака“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА