Поранешниот генерален менаџер на Јувентус, Лучијано Моџи, кој има забрана за работа во Италија, открива дека португалскиот ас Кристијано Роналдо веќе има потпишано договор со италијанскиот првак. Во наредните неколку дена треба да се договори отштетата што „старата дама“ ќе му ја исплати на Реал Мадрид, а потоа и официјално да се објави еден од најголемите трансфери во историјата.
„Трансферот е комплетно договорен. Лекарските прегледи беа во Минхен, се очекума само официјалната промоција“, истакна Моџи за италијанските медиуми.
Супер-агентот Жорге Мендеш веќе е на преговори во Мадрид со претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, а во меѓувреме почнаа и да се печатат дресови на Јувентус со „седумка“ на грбот за Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА