Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ доби брутални навреди на социјалните мрежи од навивачите на Реал Мадрид, а причина за тоа е гласот кој го даде за Лионел Меси во изборот за наградата на ФИФА – „Најдобриот“.
Коментарите кои се упатени кон Модриќ се во голема мера речиси нереално, ако се знае дека се упатени кон човекот кој донесе бројни титули за „кралскиот клуб“.
„Дали си ти нормален или си глуп? Зошто Меси? Дали се шегуваш? Смешен си!“ – се дел од коментарите, меѓу кои ги има и оние пожестоките…
„Ти си едно старо го.но… Надвор од клубот!“
Лука во изборот на наградата на ФИФА го стави Лионел Меси на првото место, пред Родри и соиграчот од хрватската репрезентација Марсело Брозовиќ на третото место. Интересно, немаше негов глас за Ерлинг Халанд.
Како и да е, јасно е дека Лука Модриќ ја игра последната сезона за Реал а од јуни дефинитивно го напушта клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

„Дали си ти нормален или си глуп? Зошто Меси? Дали се шегуваш? Смешен си!“