Модриќ дециден: Имам само една желба – Реал Мадрид

Лука Модриќ влезе во последните месеци од договорот со Реал Мадрид, за услугите на хрватскиот генијалец се интересираат клубови од сите страни на светот, но ветеранот уште еднаш ја повтори својата желба – кариерата да ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.

Откако денеска се појавија шпекулации дека Модриќ почнал преговори со Ал Наср за да му се приклучи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија, хрватскиот репрезентативец експресно го повтори својот став на темата.

„Разбирам дека новинарите мора да пишуваат нешто, но кај мене ситуацијата воопшто не е промента. Имам само една желба и таа е добро позната – да останам во Реал Мадрид. Верувам дека тоа ќе се случи. Се останато е само шпекулација, ќе повторам по стоти пат, моите погледи се насочени само кон останување во Реал“, изјави Модриќ.

На потег е Флорентино Перез, кој ќе треба да пресече, дали да му понуди нов договор на Хрватот или да изврши целосен ремонт на средниот ред, со оглед на фактот дека своето заминување веќе го најави и Тони Крос.

Се вчитува...