Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ е трансферна цел на европскиот првак Реал Мадрид. Но, ниту италијанскиот шампион нема само да ја гледа оваа ситуација, и ќе се обиде да доведе повеќе од достојна замена. Хрватот Лука Модриќ, кој е алга и омега во средниот ред на „кралскиот клуб“, би можел тогаш да пристигне во Торино, пишува „Кориере дело спорт“.
Реал Мадрид е во потрага по нов тренер откако си замина Зинедин Зидан, и сигурно дека тој ќе го има конечниот збор за новите засилувања, но и за евентуалните заминувања. Шпанските медиуми најавуваат дека Лука Модриќ е на излезна врата пред се поради својата возраст, а претседателот Флорентино Перез сака да го замени со помлад фудбалер. Токму Пјаниќ е неговиот избор. А во таков случај, на Хрватот ќе му биде дозволено да се пресели во Јувентус за сума од 55 милиони евра.
Лука Модриќ има договор со „кралскиот клуб“ до 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА