Иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид останува неизвесна. Капитенот на Хрватска на маса има понуда за продолжување на соработката со „кралскиот“ клуб на уште една сезона, нешто што е и приоритет на 37-годишникот, но пребогатите понуди од Саудиска Арабија можат да му го променат мислењето.
Според шпанските медиуми по одбивањето на првите понуди, богатите Саудици подготвуваат уште побогата финансиска понуда која нема да биде само поврзана со настапите на теренот, понуда која ќе биде тешко да се одбие.
Планот на Саудиска Арабија за развој на фудбалот веќе примами имиња како Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Н’Голо Канте, а освојувачот на Златната топка за најдобар фудбалер на 2018 година е високо на листата на желби за ново засилувања во растечкото првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

