Модриќ е еден и единствен – сите славеа, а тој дојде да го утеши трагичарот Родриго (ФОТО)

Лука Модриќ со години наназад важи за фудбалски генијалец, но хрватскиот мајстор денеска уште еднаш ја покажа и својата човечка големина.

Хрватите остварија историска победа над Бразил, но додека неговите соиграчи го прославуваа големиот успех, Модриќ не заборави на својот тимски колега, Родриго, приоѓајќи му за да го утеши за промашениот пенал.

Да се биде победник и роден шампион е една работа, но ако на тоа ја додадете и човечката големина, дефинитивно мал е бројот на фудбалски асови како Лука Модриќ.

Се вчитува...