„Модриќ е „газда“ во Реал Мадрид, немам зборови со кои можам да ја опишам неговата големина“

Кепа Аризабалага оваа сезона ќе го чува голот на Реал Мадрид. Шпанскиот голман на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнува од редовите на Челси како позајмен играч по повредата на Тибо Куртоа.

Говорејќи за шпанските медиуми 28-годишниот чувар на мрежата не ги штедеше зборовите кога е во прашање хрватската легенда Лука Модриќ, без двоумење изјавувајќи дека тој е газда во Реал Мадрид.

„Модриќ без двоумење. Тој освои се со Реал Мадрид. Долго време е тука и многу е искусен. Како да го опишам? Не знам дали можам со зборови достојно да го опишам? Нема епитети кои можат да ја опишат неговата големина. Дефинитивно се уште му е рано за пензија и се надевам дека ќе игра се додека може. Тој е клучен играч во овој тим и сите го обожаваат“, изјави Кепа.

Се вчитува...