Модриќ е голем човек: Фудбалот не е само победување…

Лионел Меси беше главен лауреат на доделувањето на „Златната топка“, но огромен број на комплименти заминаа и на адреса на Лука Модриќ, ланскиот добитник на наградата, кој годинава не беше ниту меѓу 30-те финалисти.

Иако некој навредено би останал дома, скромниот Хрват ја покажа својата човечка големина доаѓајќи на гала-вечерата за лично да му ја предаде наградата на Меси.

За големината на Модриќ најдобро говори и неговиот пост од профилот на твитер објавен по церемонијата: Спортот и фудбалот не се само победување, туку и почит кон соиграчите и кон ривалите.

Се вчитува...