Модриќ е осамен на врвот – фудбалер со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид

Лука Модриќ ги одигра последните дваесетина минути од Интерконтиненталниот куп меѓу Реал Мадрид и Пачука, по што хрватскиот ветеран како капитен го крена и пехарот во ова натпреварување.

Со тоа, Модриќ се искачи како осамен на врвот на најтрофејни фудбалери во историјата на Реал Мадрид. Тој имаше по 27 пехари како член на Реал, исто колку и Дани Карвахал, но десниот бек поради повреда не настапи на вчерашниот дуел, па Модриќ сега со 28 трофеи е прворангиран на оваа листа.

Она што е интересно, Лука дојде во Мадрид на 27-годишна возраст од Тотенхем, клуб со кој немаше ниту еден пехар, но хрватскиот генијалец како член на Реал се издигна во еден од најдобрите фудбалери на својата позиција во светскиот фудбал.

Се вчитува...