„Модриќ е професор за фудбал. Велемајстор“

Адриано Галиани, човекот кој од раководната функција ја одбележа најславната ера на италијанскиот гигант Милан со 29 освоени трофеи за 31 година поминати како извршен директор упати пофални зборови за Лука Модриќ.

Хрватскиот фудбалски магионичар ова лето прифати нов предизвик во кариерата и Реал Мадрид го замени со Милан каде продолжи да игра во врвна форма. Галиани во живо ја гледаше фантастичната партија на искусниот фудбалер против Болоња па говреше и за медиумите.

„Модриќ е професор за фудбал. Велемајстор. Во неделата седев покрај нашиот селектор Гатуза и други поранешни фудбалери на Милан како Амброси и им кажав дека е професор по фудбал, исто како и и Пирло. Тој е еден од оние фудбалери за кои вреди да купиш билет за натпревар“, изјави Галиани.

Се вчитува...