Модриќ е сигурен кој ќе ја освои „Златната топка“: Па, погледнето го и се ви е јасно…

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ е сосема сигурен кој треба да ја освои „Златната топка“ оваа година за најдобар фудбалер во светот.

Бразилецот Винисиус со хет-трик беше предводникот на Реал Мадрид во триумфот од 5-2 против Борусија Дортмунд. Но, според Модриќ, не само поради тоа, но и поради неговите игри изминатата сезона јасно е дека Бразилецот е фаворит за „Златната топка“.

„Има реално неколку играчи кои може да ја освојат наградата, но дефинитивно, ако јас се прашувам, тоа мора да е Винисиус. Цела сезона е неверојатен. Кога ќе видите како играше минатата сезона и што прави сега секако дека Винисиус заслужува да победи. Но, ќе видиме, ќе биде интересно“ – вели Лука Модриќ.

Се вчитува...