Лука Модриќ одигра нов одличен натпревар и му донесе презначајна победа на Милан над Пиза со гол во 85. минута.
Легендарниот хрватски фудбалер овој гол го постигна на возраст од 40 години, пет месеци и четири денови со кои стана третиот најстар стрелец во Серија А.
Пред него остануваат само уште две легенди на Милан – Златан Ибрахимовиќ кој последниот гол го постигна на возраст од 41 година, пет месеци и 15 денови и Костакурта кога имал 41 година и 25 денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

