Модриќ: Едноставно го сакам фудбалот

Лука Модриќ одново ја предводеше Хрватска до финале, овој пат во Лигата на Нации каде маестралниот играч од средниот ред на 38. годишна возраст асистираше и реализираше во продолжението за победа од 4-2 против Холандија.

За неверојатната партија тој доби пофалби од сите страни, а и самиот збореше за натпреварот и предизвиците по пласманот во финалето.

„Едноставно го сакам фудбалот. Тој ми дава сила и ме буди. Можеби не започнавме добро во првите 15-20 минути, но како се одвиваше натпреварот бевме се подобри. Заслужено победивме, можеби можевме и да ги избегнеме продолженијата.

Пред натпреварот излеговме на загревање и останавме изненадени со бројот на наши навивачи. Се чувствуваме како да сме дома.

Ова е само дел од тие луди натпревари. За неутралните навивачи одличен натпревар со многу шанси. Но, завршивме само половина од задачата. Во недела мораме се ова да го потврдиме“, вели Модриќ.

Се вчитува...