Модриќ го мина и Серхио Рамос, пред него е само Кристијано Роналдо

Лука Модриќ ја предводеше Хрватска до триумф на натпреварот со Шкотска, вкупно 181. меч што големиот ас го одигра во репрезентативниот дрес, искачувајќи се на второто место на вечната листа во Европа.

Модриќ беше рамо до рамо со долгогодишниот соиграч Серхио Рамос со по 180 репрезентативни натпревари, но со вчерашниот настап го остави зад себе легендарниот дефанзивец. Првото место сепак е недостижно, ако се знае дека на него се наоѓа Кристијано Роналдо со 214 настапи за Португалија.

Лука беше брилијантен вчера, ја предводеше Хрватска по бројот на одземени топки (3), пресечени додавања (6) и по бројот на успешни дриблинзи (четири), ако и успешни долги додавања (6).

Лука Модриќ дебитираше за хрватската репрезентација на 1 март 2006 година, на пријателскиот меч против Аргентина одигран во Базел што „коцкестите“ го добија со 3-2. Првиот гол за Хрватска тој го постигна на 16 август 2006 во Ливорно, во победата од 0-2 над тогашниот светски првак Италија.

Се вчитува...