Јувентус оваа сезона сиугрно ќе заврши меѓу најдобрите пет во Италија, а тоа ќе значи дека идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Торинскиот клуб ќе може, сепак, да дојде до пехар оваа сезона, откако во финалето ќе игра против Аталанта.
На тренерот Масимилијано Алегри ќе му биде врачен отказ, а на негово место најверојатно ќе дојде Тиаго Мота од Болоња.
Во таа реконстрункција на Јувентус наводно е вклучен и ветеранот Лука Модриќ. Хрватот е голема желба на тимот од Торино. Модриќ може на крајот и да остане во Реал да ја заврши кариерата, но има и богата понуда од Саудиска Арабија.
Исто така Јувентус го „лови“ и Тему Компајнерс од Аталанта, кој ќе треба да го замине Адриен Рабио кој ќе го напушти Торино откако ќе му истече договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА