Најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња Лука Модриќ следната сезона нема да игра во Реал Мадрид, пренесува радио „Кадена СЕР“. Сагата за продолжување на соработката трае со месеци, а очигледно „кралскиот клуб“ нема да му понуди нова.
Модриќ е член на Реал од 2012 година, но оваа сезона има значително помала минутажа во тимот на Карло Анчелоти. Минатата сезона во еден момент го загуби и местото во стартните 11 од Федерико Валверде, а се чини дека разделбата е најреална опција. Се уште не е познато каде ќе оди Модриќ на лето, а не е исклучена ниту опцијата за пензија.
Тој прво ќе почека да ги види богатите понуди од Саудиска Арабија и Америка, по што ќе донесе одлука за неговата иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

