Модриќ го одигра последниот натпревар во Лигата на Шампионите?

Голема е веројатноста дека поразот од Арсенал ќе биде последниот натпревар на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите, а можеби и последниот воопшто со оглед на годините на хрватскиот фудбалски магионичар.

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а за разлика од претходната кога беше освоено најпрестижното клупско фудалско натпреварување па сега 39-годишниот доби нов едногодишен договор за улогата која ја одигра во тимот, оваа сезона „кралевите“ се соочуваат со огромни проблеми кои според клупските инсајдери ќе донесат крај на децениската соработка.

Доколку замине, Лука Модриќ ќе биде замине од Мадрид како најтрофејниот фудбалер на Реал со 28 освоени трофеи. Од нив дури шест во Лигата на Шампиони, четири во Ла Лига, два во Купот на Кралот, пет Светски клупски првенства и пет УЕФА Суперкупови.

Се вчитува...